Нудиме комплетни решенија од проектирање и изведба на системи за автоматско управување кои што вклучуваат:

  • програмирање PLC (програмабилни логички управувачи)
  • изработка на визуелизација за системот, HMI (Human-Machine Interface) 
  • SCADA (Supervisory Control and Data Acquisition)
  • фреквентни регулатори (инвертори)
  • изработка на електрични шеми
  • проектирање, ожичување и изведба на електро-разводни ормари

Со автоматизација на индустриските процеси се зголемува ефикасноста, продуктивноста, сигурноста и прецизноста на машините и производните линии, се овозможува заштеда на суровини и други ресурси и се зголемува квалитетот, додека пак несигурниот човечки фактор се сведува на минимум. Автоматизацијата на производството го фокусира човештвото на развој, на тој начин што се намалува трудот на човекот потребен за планирање и работа на задачи кои завземаат многу време, а го насочува кон истражувања и подобрувања. Автоматиката игра важна улога во економијата.

Барањата кои ги поставува индустријата пред фирмите кои работат со индустриска автоматика се различни, како по сложеност така и по различностите во опремата која се користи. Изработка на решенија во областа на индустриската автоматика побарува стручни лица со широк спектар на знаења и големо искуство за да можат да одговорат на сите побарувања на автоматизацијата кои индустријата може да ги постави пред нив. До пред неколку години управувањето во индустријата било базирано на релејна техника, а денес заради нивната флекскибилност и робустнос во главно се користат, PLC (Програмабилни Логички Контролери).

Нашиот тим поседува стручно оспособени инженери за работа воглавно со PLC од реномираните светски прoизводители Omron, Siemens, Unitronis, Vipa и богато искуство со склопна, релејна и мерно-регулациона опрема.

Без разлика дали се работи за автоматизација на поединечни машини или на комплетна постројка нашите решенија ја подобруваат продуктивноста и обезбедуваат сигурност, квалитет и капацитет на економски и флексибилен начин.

Големиот број на успешно изведени проекти и задоволни клиенти, ни дава за право да со гордост кажеме, дека можеме да одговориме на сите побарувања која индустријата може да ги представи пред нас.

Освен изработката на нови готови решенија, на нашите клиенти им нудиме репарација и модернизација на сите видови идустриски машини и можност за сервисно одржување.

На нашите корисници им обезбедуваме експертско знаење и техничко советување (технички решенија за автоматизација на машини и постројки), решенија “клуч на рака”, техничка подршка, опрема, проектирање, изработка на ормари за енергетика и автоматика, пуштање во работа и обука. Испорачаните техички решенија обезбедуваат унапредување, подобрување на производството, сигурност, безбедност и заштеда на енергија.