Компанијата е основана во 2014 од тројца дипломирани електро инженери, кандидати за магистри. Hудиме комплетни решенија (проектирање и изведба) на системи за автоматизација и визуелизација на секаков вид на индустриски процеси и производствени машини, автоматизација и визуелизација на системи за греење, ладење и вентилација. Системите за автоматизација на индустриски процеси и производствени машини и системите за греење,ладење и вентилација ги пласираме во индустријата со течни и тврди горива, индустријата за обработка на дрво и пластика, производство и пакување на прехрамбени производи. Иновативните технолошки решенија и услуги со највисоко ниво на работна автономија и ефикасност во управувањето се трајно обележје и работен кодекс на нашите инженери.