Previous Next

Софтвер за ред на чекање - НЕУРОМЕДИКА Скопје

Изработка на софтвер за ред на чекање кој подржува 3 различни типови на корисници: администратор, оператор и доктор. Софтверот овозможува:

  • печатење и сторнирање на тикет што содржи информации од типот: датум и време на печатење, број на тикет, кат и ординација за која е наменет, колкав број на тикети чекаат пред овој тикет;
  • информации за тоа кој пациент е на ред и колку пациенти чекаат на ред;
  • повикување на следен пациент;
  • генерирање на извештаи за повикани пациенти во временски интервал;
  • информации и можност за промена на статус (работи/не работи) за секоја од ординациите во болницата структурирани по катови;

Повикувањето на следен пациент и промената на статус на ординација (работи/не работи или пауза) покрај софтверски може да се изврши и со безжичен тастер.