Previous Next

Систем за автоматско управување со ладење и греење - ХАЛКБАНК Скопје

Системот за автоматско управување со ладење и греење управува со 8 вентилоконвектори поделени во две групи, подно греење и следење на 5 температурни сензори. Следењето и задавањето на параметрите на системот се врши преку веб базиран софтвер во реално време при што постои можност за управување преку персонален компјутер, таблет, мобилен телефон како и рачно управување. Веб базираниот софтвер овозможува следење на температура на пет различни позиции, следење на статус на вентилоконвекторите, брзина на вентилатори, статус на подно греење, дојава на аларми преку е-маил, рачно задавање на параметри по групи, задавање на распореди за управување со вентилоконвекторите и подно греење, контролиран пристап до системот.