Previous Next

Автоматизација на систем за транспорт на чоколадо - ВИТАМИНКА АД Прилеп

Проектирање и изведба на автоматика за транспорт на чоколадо со опрема од познатиот јапонски производител OMRON. Системот е конфигуриран од 3 HMI 10“ Touch Screen екрани и PLC со 32DI, 32DO и 8AI со функција за управување и следење на 8 резервоари за чоколадо. Главната автоматика со еден HMI е сместена во контролната соба кај резервоарите додека останатите два HMI се на локации каде што се транспортира чоколадото. Автоматиката поставена на три локации меѓусебно е поврзана со Ethernet, LAN мрежа.