Previous Next

Автоматизација на систем за транспорт на течен метан - КНАУФ РАДИКА Дебар

Електроинсталациска инфраструктура, монтажа и поврзување на контролна опрема за автоматизација на систем за транспорт на течен метан и претварање на истиот од течна во гасовита состојба за потребите на фабриката. Системот е изведен со PLC и HMI од израелскиот производител UNITRONICS, вклучува вкупно 80 влезно/излезни точки за следење на температури, притисоци, позиции на вентили, управување на вентили и греачи и детекција и дојава за присуство на метан во просторот. Софистицирано решение за далечинска контрола преку интернет, архивирање на параметрите од системот на WEB сервер и далечинска дојава за алармни ситуации.