Previous Next

SCADA софтвер за HVAC систем - Фабрика BAUMER, ТИРЗ 2 СКОПЈЕ

 Развој на SCADA софтвер за HVAC систем со алатка за развој WINLOG PRO SCADA.

 SCADA софтверот следи и управува амбиентални вредности, аларми и работни состојби во неколку функционални области:
 
- Погон за производство (третиран со клима комора AHU1, управување со температура, влажност и надпритисок)
- Погон за CNC производство (третиран со клима комора AHU3, управување со температура)
- Лабораториски (R&D) оддел (третиран со фенкојлери и клима комора AHU2 за вентилација и управување со температура и влажност)
- Канцелариски оддел поделен на 16 зони (канцеларии, соблекувални, трпезарија, кујна,  ходници и простории за состаноци - третирани со фенкојлери и HRU за вентилација. Управување со температура)
- Машинска сала и котлара
 
Софтверот целосно ги автоматизира сите горенаведени споменати системи, овозможувајќи работа по временски распоред, промена на годишни времиња,  алармирање преку е-пошта, пристап преку веб-сервер, итн.
 
Интерфејсот на SCADA е дизајниран во согласност со изгледот на системот и има интуитивни екрани кои лесно се препознаваат и ракуваат.