Previous Next

Автоматизација на клима комора со одвлажнување – викендица во Маврово

Автоматизација на клима коморa со 1 PLC+HMI контролер од програмата на UNITRONICS – Израел. Системот е конфигуриран од 20 дигитални влезно/излезни точки, 8 аналогни влезни точки и 2 аналогни излезни точки. Со системот се врши регулација на амбиентална релативна влажност/температура/квалитет на воздух. Системот може да работи во автоматски, рачен (полуавтоматски ) и сервисен режим.