Изработуваме десктоп базирани софтверски решенија за секаква намена. Нашите десктоп софтвери работат во реално време и многу често во себе интегрираат хардверски компоненти од наше производство или од било кој друг производител што нуди хардвер со отворен комуникациски протокол. Софтверите ги изработуваме во програмскиот јазик C++ со развојната алатка Qt. Нашата референтна листа на реализирани десктоп софтвери вклучува решенија за интеграција на безбедносни системи, паркинг, царински терминал, автоматизиран транспорт на течни горива итн.